Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, на нејзиниот фејсбук профил објави обвинување дека со членот 56 стаљв 3 од Законот за индустриски емисии, загадувачите добиле право да ги кријат доказите дека не' трујат со оправдание дека тоа е „деловна тајна“.
„„ДЕЛОВНА ТАЈНА“ е дека нѐ ТРУЈАТ

Со Член 56 (3) од новиот Закон за индустриски емисии, загадувачите добија право да ги кријат доказите дека нѐ трујат со оправдание дека е „деловна тајна“.

Тоа значи дека можат да се сокријат податоци за тоа:

Што се гори во фабриките, кои суровини и хемикалии се користат?

Дали се употребуваат токсични и канцерогени материи?

 Како работат инсталациите и дали постојат ризици по здравјето?

Со законот им се одложува за 2 години обврската да стават филтри и да го елиминираат загадувањето.

Загадувањето, токсичните материи и ризиците по здравјето  се уставно и меѓународно признат јавен интерес според Архуската конвенција овие податоци мора да бидат транспарентни Животот и здравјето на граѓаните се поважни од било чиј профит!, напиша таа на социјалните мрежи.“, напиша таа.


Слично

Поврзани вести