Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Дело“: Србија и Македонија имаат различни ставови во однос на албанското прашање

„Дело“: Србија и Македонија имаат различни ставови во однос на албанското прашање

Словенечкиот весник „Дело“ забележува дека Србија и Македонија имаат различни ставови во однос на албанското прашање. 

Додека во Македонија е овозможено албанската заедница да учествува во креирањето на надворешната и внатрешната политика на земјата, во Србија се бара анексија на Косово или поделба на се што е српско и албанско во Косово.

Балканот би можел да го подготви теренот за следната европска криза,  „Дело“ осврнувајќи се на дипломатскиот спор меѓу Србија и Македонија.

Весникот пишува дека одлуката на Белград за повлекување на персоналот од Амбасадата на Србија во Скопје претставува и обид за притисок на Србија врз Македонија да гласа против приемот на Косово во УНЕСКО.

Весникот оценува дека Србија, како традиционален сојузник на Русија на Балканот, веројатно се „обидува да и помогне на Москва во нејзините напори да го спречи целиот регион да влезе во ЕУ и НАТО“.

„После неуспешниот обид за државен удар со цел да се спречи влезот на Црна Гора во НАТО, нова цел на Русија е Македонија“- пишува  „Дело“.

Весникот потсетува дека Македонија ги интензивира односите со САД, со цел земјата следната година да стане 30-та членка на НАТО.

Слично

Поврзани вести