Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕЛО НА ПРЕРОДБАТА ИЛИ ЗЛОСТОРСТВО: Какви провизии кријат автопатите на Синохидро?

ДЕЛО НА ПРЕРОДБАТА ИЛИ ЗЛОСТОРСТВО: Какви провизии кријат автопатите на Синохидро?

За над 155 милиони евра високи функционери на ВМРО ДПМНЕ го оштетиле Буџетот со договорот за изградба на автопатите Кичево –Охрид и Миладиновци –Штип. Ова го покажала предистражната постапка на Специјалното јавно обвинителството во новиот предмет „Траекторија“. Од СЈО обвинуваат дека изборот на кинеската компанија „Синохидро“ бил наместен. Се сомничат четери лица за злоупотреба на службена положба и овластување, односно за местење на тендер за избор на фирма изведувач на автопатите. 

Првоосомничен е лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, но меѓу другите се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, вицепремиерот Владимир Пешевски и уште еден висок функционер од ВМРО ДПМНЕ. Сите учествувале во местење на тендерот и незаконски ја избрале конеската компанија „Синохидро“ да ги гради делниците. Предистражната постапка на СЈО покажала дека во втората половина на 2012 и 2013 иако имало понуда од уште една кинеска компанија со пониска цена, сепак изборот паднал на „Синохидро“, со што е прекршен Законот за јавни набавки.  

„Целокупната постапка за јавни набавки е прекшена, сите правила се испревртени за да конкретен изведувач ја добие таа набавка“, изјави обвинителката од СЈО,  Ленче Ристоска.

Предистражната постапка на СЈО покажала дека 4 службени лица во изборот на компанија изведувач ја избегнале процедурата за избор на кинеската Влада и на ЕКСИМ банка како заемодавач. Изборот требало да го направат според домашното законодавство и да достават документација до кинеската Влада која пак ќе ја достави до кинеските компании за кои постои регистар, но тие постапиле спротивно на процедурите и понудите ги пратиле до кинеските компании.

„Покрај тоа што ја одбегнале примената на Законот за јавни набавки постапиле спротивно и на условите поставени од Кинеската влада и кинеската „Ексим банка“ како заемодавач. Иако според претходно дефинираните услови осомничените изборот на изведувач требало да го извршат според домашното законодавство, а откако проектната документација ке ја достават на компании во Кина кои се наоѓаат на листа на кинески компании квалификувани за спроведување на вакви проекти, тоа не го сториле, а проектната документација ја доставиле само до две кинески компании. Постои основано сомнение дека во месец јануари 2013 година тројцата осомничени поттикнати од првоосомничениот, иако биле доставени две понуди, преговорите ги воделе само со една компанија и иако во текот на преговарањето со првата компанија, втората компанија која воопшто не била повикана на преговори доставила дополнителна пониска понуда, ваквата понуда не ја евидентирале никаде и ја сокриле, по што парафирале усогласен текст на договор за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид со компанијата која имала повисока понуда“, изјави обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи.  

Лани  Специјалното јавно обвинителство прати инспектори во Агенцијата за државни патишта во врска изградбата на автопати со кинески компании.

СЈО отвора истраги, првоосмничениот Груевски на увид во изградбата на делниците

Додека СЈО го презентираше предметот „Траекторија“, првосомничениот Груевски во придружба на техничкиот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски, вчера изврши увид на изградбата на автопатот за којшто е осомничен дека ја злоупотребил службената положба. Мисајловски изјави дека автопатот ќе биде готов порано од мај 2018 година за кога бепе најавено дека ќе заврши изградбата. 

„Ова ни беше ветување во програмата, автопатот се гради веќе две – три години од 2014 година. Со неговото завршување патувањето од Скопје до Штип и од Штип до Скопје ќе трае 35 до 40 минути“,изјави Груевски.

Најавен како мега проект, пропратен со низа контроверзии

Изградбата на двете делници беше најавена на голема врата  како најголем инфраструктурен проект, но од старт пропратен со низа контроверзии, кои отворија сомнежи околу начинот на кој е избрана фирмата до вистинската сума што ќе потроши за изградбата. Па така пред две години на веб страната  на кинеската компанија, сумите предвидени за изградбата на овие два патни правци беа за околу седум пати пониски од оние кои ги договорила Владата. За договорот за изградба на патиштата се изготви посебен закон. За изградба на двата автопатишта Владата зема кредит од 580 милиони евра од кинеската „Ексим банка“, со рок на  отплата од 20 години, пет години грејс период и 2 % каматна стапка. Владата со пари од буџетот учествува со 10 отсто.Синохидро е главен изведувач,а како подизведувачи за Кичево -Охрид Гранит и Трансмет а за Миладиновце – Штип се  Гранит – Бетон. Автопатот Скопје – Свети Николе – Штип  чини 206 милиони евра е во должина од 53 километри,  а автопатот на делницата Кичево-Охрид  е вреден 374 милиони евра и долг 56,7 километри. Во договорот има и одредба со која се предвидени десет проценти за дополнителни непредвидени работи.

Која е Синохидро? 

„Синохидро“ е компанија која има градежни проекти низ цел свет, особено во Африка, Азија, Европа и Јужна Америка. Се јавува како  директен изведувач или учествува во проектирање на хидроцентрали, брани, патишта, аеродроми, пристаништа, згради. Но и покрај бројните проекти, Синхидро во светот ја пратат низа контровезрии. Така според пишувањата на странските медиуми, “кинезите се омилени инвеститори на корумпирани владини функционери затоа што нивните инвестиции доаѓаат со многу малку услови за теми како етика, еколошка заштита, корупција, владеење на правото“ изјави за „Зимбабве индипендент“ во февруари лани економскиот експерт Максвел Саунгвеме. Во 2014 година токму оваа компанија како што пренесуваат странските медиуми за бизнис зделка во Пакистан,  била под суспензија од Светска банка поради сомнеж за корупција. Дел од градежните експерти посочуваат дека ваквите големи кинески корпорации вообичаено таргетираат мали земји кои немаат големо искуство со работа со такви корпорации и доаѓаат во земјите за да заработат, а не да губат или да и помогаат на државата. Кинезите ги користат земјите од регионот за влез во Европа, и тоа се случува не само преку Македонија туку и преку другите земји од Балканот.

Договорот за зделката во „бомбите“ на СДСМ

Во дел „бомбите“ што ги објави СДСМ има разговор  меѓу екс премиерот Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски како се  договараат како кинеска компанија да ги гради автопатите на исток и на запад, и за т.н кинески провизии слушнавме. Кидерот на СДСМ  Зоран Заев тогаш обвини дека владата на Груевски договорила провизија со кинеска компанија Синохидро во вредност од нешто повеќе од 25 милиони евра.  

Т.С


Слично

Поврзани вести