Економија, финансии, бизнис

Контакт

Делев и Цветков во притвор - што одлучи судот за Спасеновски?

Делев и Цветков во притвор - што одлучи судот за Спасеновски?

Мерка притвор одреди судот за поранешниот министер за земјоделство од редовите на Социјалистичка партија, Михаил Цветков и за поранешниот заменик министер за земјоделство од редовите на ВМРО -ДПМНЕ, Христијан Делев.

За Ацо Спасеновски, поранешен министер и амбасадор на Македонија во Украина, е одредена мерка домашен притвор.

Ацо Спасеновски, Михаил Цветков и Љупчо Димовски беа повикани на разговор во полиција заради истрага за злоупотреба на службена должност во времето кога биле министри за земјоделство. Сите се од редовите на Социјалистичка партија на Љубисав Иванов Ѕинго.

Во четворката осомничени е и поранешниот заменик министер Христијан Делев.

Тие се осомничени за злоупотреба на службена должност при издавање под закуп на земјоделско земјиште.

Слично

Поврзани вести