Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕЛЕГАТИТЕ ЌЕ ОДЛУЧАТ НА 2 МАРТ: Силјановска Давкова поднела кандидатура во ВМРО-ДПМНЕ за претседател

ДЕЛЕГАТИТЕ ЌЕ ОДЛУЧАТ НА 2 МАРТ: Силјановска Давкова поднела кандидатура во ВМРО-ДПМНЕ за претседател

За Јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија, од партијата ја информираат јавноста дека крајниот рок за поднесување на пријава истекува денеска. 

Велат дека на истиот се пријави проф-др Гордана Силјановска-Давкова која поднела план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати.

„Гордана Силјановска-Давкова била професорка по Уставно право и Политички систем на Правниот Факултет Јустинијан Први. Таа е експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем. Таа е актуелен пратеник во Собранието на РМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Додаваат дека за нејзината кандидатура ќе одлучат делегатите на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на РМ која ќе се одржи на 02 март 2024 година.

Силјановска Давкова претходно има учествувано на претседателските избори. 

Раководството на СДСМ попладнево донело одлука да поддржи втор претседателски мандат на Стево Пендаровски. 

Слично

Поврзани вести