Делчевчанец затаил 500.000 евра данок
Скопската полиција поднесе кривична пријава против М.С. (40) од Делчево, сопственик и управител на правно лице од Скопје, поради сомнение за даночно затајување и оштетување на доверители. Исто така, против фирмата е поднесена пријава за даночно затајување.
Според МВР, првопријавениот во даночните пријави за контролираниот период пресметал и пријавил помал даночен долг, преку неприкажан промет од продажба на основни средства и залихи на материјали.
Со овие постапки, сопственикот и фирмата стекнале противправна имотна корист од вкупно 31.433.522 денари, со што е оштетен државниот буџет.
Оваа истрага е дел од пошироки напори на МВР за откривање и санкционирање на даночни прекршоци и заштита на јавните финансии.
Слично
