Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕЛБА НА МИНИСТЕРСКИОТ КОЛАЧ: Гаши негира дека добил министерска понуда од Заев

ДЕЛБА НА МИНИСТЕРСКИОТ КОЛАЧ: Гаши негира дека добил министерска понуда од Заев

Пред финиш е реконструкцијата во Владата на премиерот Заев кој деновиве одржува интензивни средби со помалите политички партии.

Владините прекројувања можеби ќе донесат нови партнери и во Владата.

Дел од медиумите вчера брифираа дека лидерот на едното крило на Беса, Африм Гаши ќе седне во министерската фотелја за образование, но вечерта стигна демант од самиот Гаши дека е шпекувација тврдењето за таа понуда од премиерот.

Се шпекулира и дека Бардил Даути може да застане на позицијата вицепремиер во Министерството за спроведување на реформите.

Она што е извесно е дека Заев ги испратил понудите до партиите, а деновиве се очекува и крајно финализирање на реконструкцијата на владата.

Слично

Поврзани вести