Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дел од услугите на порталот uslugi.gov.mk недостапни поради надградба

Дел од услугите на порталот uslugi.gov.mk недостапни поради надградба

Дел од услугите на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk во моментов се недостапни поради технички причини и активности за надградба на опремата.

Надлежните информираат дека се работи на отстранување на проблемот и очекуваат услугите повторно да бидат ставени во функција во најкус можен рок.

- Се работи на надминување на состојбата и очекуваме услугите повторно да бидат достапни многу скоро – се наведува во соопштението.

Од институцијата најавуваат дека граѓаните ќе бидат навремено информирани за повторното воспоставување на целосната функционалност на порталот.

Фото: Пиксабеј

Слично

Поврзани вести