Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дел од приведените за „крвавиот четврток“ почнале штрајк со глад

Дел од приведените за „крвавиот четврток“ почнале штрајк со глад

Дел од медиумите повикувајќи се на Фејсбук пишувања на роднините на дел од притворените пратеници и осомничени за собраниските инциденти пишуваат дека пратенците од Охрид, Сашо Василески и Љубен Арнаудов, но и еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски штрајкуваат со глад.

Како што се пишува, штрајкот со глад притворените го почнале вчера.

Погоре споменатите приведени се наоѓаат во притвор и добија продолжение на истиот за 30 дена откако Апелација ги одби нивните жалби.

Засега овие наводи се неофицијални и тие не се потврдени од надлежните во затворот.

Приведените се сомничат за тероризам и уставно загрозување поради нивното учество во настаните од 27-ми април кога толпа народ упадна во Собрание и нападна пратенци меѓу кои беше и премиерот Заев.

Слично

Поврзани вести