Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дел од пожарите изгаснати, но гори и на нови локации

Дел од пожарите изгаснати, но гори и на нови локации

Пожарите кај Охис и во Кучково се изгаснати, но има и нови жаришта. 

Богословец во Светиниколско каде се изгорени четири куќи и село Лешани во Дебарца, Охридско, моментно се двете најнови жаришта. На овие места попладнево избиле пожари, а во гасењето се вклучени пожарникари, месно население и припадници на Шумското стопанство.

Прилепскиот кризен штаб бара воздушна поддршка за да се справи со двата големи шумски пожари во околината на градот. Пожарите, од кои едниот на потегот Ракле-Никодин и другиот, кој избувна ноќеска, во Смолани, каде во опасност е и борова шума, се претежно во непристапен терен. Превентивно, попладнето се евакуирани двајца неподвижни жители од селото Ракле и полицијата ги префрли во Прилеп на безбедно. 

Симптоматично е како наеднаш гори на повеќе локации, и постои сомнеж дека пожарите се подметнати. 

Слично

Поврзани вести