Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дел од повредените во критична состојба

Дел од повредените во критична состојба

Седум од 37 пациенти кои се лекуваат во клиниките се во критична состојба по вчерашната страшна несреќа кај Карпалак, во која автобус се преврте. 

Од нив четворица се на Интензивна нега во 8 септември, а тројца во Клиничкиот центар. Меѓу повредените кои се на интензивна е и едно девојче кај кое ноќва дошло до крварење, па лекарите морале преку оперативен зафат да и ја отстранат слезинката.

„Исклучително брзо и промптно реагираше службата за Итна помош, на ефикасен и професионален начин дадоа брза помош. Мора да дадам благодарноста на двете приватни болници кои излегоа во пресрет со нивните амбулантски возила и ги транспортираа повредените овде во „8 Септември“. 80 отсто од персоналот беше на работа за вмногу краток временски интервал од 15 минути и се организираше системот, се направи тријажа и се сместија во соодветните оддели за лекување тука и во Клиничкиот центар“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче. 

Тој се надева дека луѓето кои сега се во критична состојба ќе закрепнат. 

Слично

Поврзани вести