Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дел од осомничените за насилства во Собранието в четврток на обвинителна клупа

Дел од осомничените за насилства во Собранието в четврток на обвинителна клупа

В четврток во Кривичниот суд ќе им се суди на девет лица кои се осомничени за насилствата од 27 април во Собранието. 

Ќе почне судењето на правата група идентификувани напаѓачи. Тие се товарат за учество во топла.  Пратениците од СДСМ и ДУИ дадоа искази во обвинителството за случувањата.  Оние кои беа нападнати во Собранието сметаат дека не станува збор за учество во топла, туку за обид за убиство на пратениците и лидерите на политичките партии кои се наоѓаа во Собранието. Насилниците им се обратиле со зборови дека сите ќе ги убијат и дека им дошол крајот.  Пратениците бараат делата да се преквалификуваат по потешки кривични дела, а истото го кажаа изминатиов период и многу експерти. 

Слично

Поврзани вести