Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дел од Малешевските Планини се прогласени за заштитени

Дел од Малешевските Планини се прогласени за заштитени

На денешната  127-ма седница Владата донесе Одлука за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V - Заштитен предел.

Оваа одлука ќе донесе повеќе бенефити за овој дел на Македонија. 

„Прогласувањето на дел од Малешево за заштитен предел ќе придонесе кон унапредување на имплементација на Aichi целите од Конвенцијата за биолошка разновидност (CBD) и другите конвенции за заштита на природата (Bern, CITES, Bonn, Ramsar и др.), за прогрес во исполнување на целите и акциите од Националната стратегија за заштита на природата и од Националната стратегија за биолошка разновидност, како и за прогрес во имплементација на ЕУ директивите за живеалишта и птици, унапредување на прекугранична соработка во областа на заштита на природата со Република Бугарија, развој на екотуризмот и локалната економија и друго“, соопштија од Владата. 

Површината на идното заштитено подрачје заштитен предел-Малешево е 11460,89 хектари со три зони на заштитено подрачје за заштита и унапредување на природата.

фото Википедија

Слично

Поврзани вести