Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕЛ ОД КИСЕЛА ВОДА ОСТАНА БЕЗ ПАРНО: Од ЕСМ велат не знаат кога ќе се санира дефектот, но прават напори тоа да биде во најбрзо време

ДЕЛ ОД КИСЕЛА ВОДА ОСТАНА БЕЗ ПАРНО: Од ЕСМ велат не знаат кога ќе се санира дефектот, но прават напори тоа да биде во најбрзо време

Дефект (губење на вода) на дистрибутивната мрежа предизвика прекин на испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода.

Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе се на терен и интензиво работат на  лоцирање на дефектот, со цел истиот да биде изолиран и саниран.

Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина до сите потрошувачи на споменатите улици да биде воспоставено во најкраток можен временски рок.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и  075400100.


Слично

Поврзани вести