Дел од хрватските медиуми пишуваат дека автобусот бил со косовски таблички
Дел од хрватските медиуми пишуваат дека автобусот кој се преврте кај Славонски Брод бил со косовски таблички.
Нови информации стигнуваат околу страшната несреќа која утрово се случила на автопатот Славонски Брод – Загреб, во близина на наплатната рампа во Славонски Брод.
Порталот „24 САТА“ јавува дека автобусот, бил со косовски таблички, а засега неофицијално загинати се 10, додека 30 патници се пренесени во болница.
„Се работи за автобус со косовски таблици. Увидот е во тек. Засега не можеме да дадеме повеќе информации. Повеќе од 30 се повредени“, рече началникот на полицијата на Славонски Брод, Иван Галиќ, пренесува „24САТА“.
Прво од одредени медиуми во Хрватска имаше информација дека автобусот бил со македонски регистарски таблички. „Јутарњи“, кој прв објави дека е македонски автобусот, потоа смени во „автобус со странски национални ознаки“.
И Дневник.хр потоа одеше со информација дека се работи за косовски автобус.
