Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дел од договорот за стратешко партнерство: Николоски на концерт на британскиот виолинист Либек

Дел од договорот за стратешко партнерство: Николоски на концерт на британскиот виолинист Либек

Министерот за транспорт Александар Николоски синоќа присуствуваше на концертот на британскиот виолинист Џек Либек во рамки на фестивалот Охридско лето.
Како што објави вицепремиерот, културните заеднички активности се дел од договорот за стратешко пријателство со Британија.
„Имав чест да бидам гостин на Амбасадата на Велика Британија на прекрасниот концерт кој врвниот британски виолинист Џек Либек го одржа во катедралната црква Св. Софија во рамки на фестивалот Охридско лето.

Соработката во културата е дел од договорот за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Велика Британија . Почитувајќи ги и доближувајќи ги двете култури ги доближуваме и двата народа“, објави Николоски на социјалните мрежи.


Слично

Поврзани вести