Дел од демонстрантите влегоа во дворот на Владата
Дел од демонстрантите вечерва влегоа во дворот на зградата на Владата.
Бараат оставка од Владата, но и отфрлање на францускиот предлог. Граѓани кои излегоа да го изразат својот револт ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Владата. Трет ден по ред има протести против францускиот предлог, со кој би се надминале несогласувањата со источниот сосед. Павле Трајанов од Демократски сојуз кажа дека нема суштинска разлика помеѓу ревидираниот и претходниот предлог кој го даде Франција.
Слично
