Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дел од Чаир по трет пат ќе гласа за градоначалник

Дел од Чаир по трет пат ќе гласа за градоначалник

Чаир е единствената општина во Македонија на која ќе има прегласување. Утре дел од Чаир, на едно гласачко место со број 2901 ќе се прегласува по вториот круг од локалните избори со што ќе се знае конечниот победник меѓу кандидатите Висар Ганиу од ДУИ поддржан од СДСМ и Зеќирија Ибраими од БЕСА поддржан од Алијансата за Албанците и неформално од ВМРО-ДПМНЕ.

До прегласување дојде откако Управниот суд прифати еден приговор на БЕСА за изборни неправилности и со оглед на тоа што во вториот круг разликата за победникот Ганиу изнесуваше 209 гласа постои можност за промена на резултатите. 

Управниот суд ги одби останатите 15 тужби, што политичките партии ги поднесоа по вториот круг од локалните избори одржани на 29 октомври.

Најмногу тужби против одлуките на Државната изборна комисија до Судот поднесе „Алијанса за Албанците“ – вкупно 11, четири поднесе Беса, а една тужба поднесе Народното движење за Македонија.


Слично

Поврзани вести