Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дел или целосно, колку Албанската декларација е во новата владина програма?

Дел или целосно, колку Албанската декларација е во новата владина програма?

Партиите на Албанците кои се дел од коалицијата на СДСМ, велат дека во програмата на Владата ќе се имплементираат сите точки од Заедничката Декларација.

Пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, вели дека сите точки од Декларацијата на албанските политички партии се дел од владината програма на Зоран Заев.

 „Заедничката декларација на албанските политички партии кој во оваа констелација на сили, земајќи ги во предвид и бројките, може да се реализира буква по буква и да биде дел од владината програма. Почнувајќи од ревизија на сите процеси за кои што постои дилема кај секој Албанец, од монтираните процеси се до имплементацијата на последната буква на Рамковниот договор. Еден од главните приоритети на новата Влада е предлогот на новиот закон за официјализирање на албанскиот јазик и тоа е дел од програмата на новата Влада“ – истакна Адеми.

Изјавата на пратеникот Адеми доаѓа една недела откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека нема да се имплементираат сите точки од Заедничката Декларација на албанските партии во новата владина програма. Дека декларацијата нема целосно да се имплементира, вели и пратеникот на Алијансата за Албанците, Весел Мехмеди

„Внимателно ја прочитав владината програма, 61 страни, и скоро 99% од точките на Заедничката Декларација  на албанските партии е дел од програмата на новата влада. Единствениот момент кој што фали од точките е резолуција за казнување на геноцидот“ – рече Мехмеди.

Во заедничката декларација се бара, албанскиот јазик и албанскиот буквар да се официјализираат, исто како што е македонскиот јазик со кирилицата. Но во новата програма на Владата на Зоран Заев, се вели дека ќе се направи проширување на имплементирањето на албанскиот јазик но во рамки на петтиот амандман на Уставот на Р.М. а денот кога претседателот на државата му го додели мандатот на Зоран Заев, Заев прочита гаранција, дека нема да има платформа или декларација која е во спротивност со Уставот на Р. Македонија.

Извор: tv21.mk

Слично

Поврзани вести