ДЕКСАМЕТАЗОНОТ ВЕДНАШ ДА ВЛЕЗЕ ВО ТЕРАПЕВТСКИ ТРЕТМАН: СЗО ги обновува упатствата заради овој лек
Светската здравствена организација ќе ги обнови упаствата кои ќе се однесуваат за третман на пациентите болни од корона вирусот со тешка клиничка слика, за да ги утврдат сознанијата и резултатите од големата клиничка студија која покажа дека дексаметазонот може да ја намали смртноста кај оние кои се лекуваат, а се во животозагрожувачка состојба. Клиничките упатства на СЗО за третман на пациенти заразени со коронавирус вирус се насочени кон лекарите и другите здравствени работници и се наменети за користење на најновите податоци за тоа како најдобро да се справуваат со сите фази на болеста.
Евтиниот стероид дексаметазон е во употреба од 1960-та година и се користи за ублажување на воспаленија од различни болести. Лекот дури за една третина ја намалувал смртноста кај пациентите заразени со Ковид-19 кој имале потреба од респираторна поддршка, како и за една петтина кај оние кои имале потреба од кислородна поддршка.
И покрај тоа што станува збор за прелиминарна студија, истражувачите сметаат дека дексаметазонот треба веднаш да влезе во терапевтскиот треман, што претставува прв чекор за намалување на смртноста кај оние на респиратор.
