Економија, финансии, бизнис

Контакт

Декан Горан Марковски: Феномени како во Делчево ќе има се почесто

Декан Горан Марковски: Феномени како во Делчево ќе има се почесто

Деканот на Градежен факултет проф. д-р Горан Марковски, денеска изврши увид на штетите по поплавата што го зафати Делчево, пред медиумите рече дека вакфи феномени ќе се случуваат се почесто и дека земјата треба да се подготви превентивно. 

Тој додава дека таква урбана штета статистички ретко се случува, но се почесто ќе има вакви феномени

- Треба да бидеме што поподготвени и опремени, да реагираме превентивно за да имаме што помали штети. Настанато е поткопување на асфалтот со големо количество вода за кратко време, така што се поткопал насипот, рече Марковски.

Според деканот Марковски, со најавата за  нови врнежи се зголемува и опасноста од свлекување на земјиштето во одредени населби во Делчево заради што апелираше внимателно да се следат состојбите.

-Моите сознаниија говорат дека има активни свлечишта и може да дојде до лизгање на теренот, доколку продолжат врнежите. Треба да бидеме претпазливи да се следат состојбите. Прво да ги намалиме ризиците по човечки животи и по штети и да може да се преземаат соодветни реакции за да во иднина  штетите да бидат помали во вакви и слични  врнежи, додаде Марковски.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски изјави дека откако Владата ќе го добие извештајот од Општина Делчево, на следната седница ќе се донесе одлука за санација на улица, регионален пат и мост за кој ќе се направи санирање, за технички да се подобрат инфраструктурните објекти за кои е тоа е најотребно

„Она што е јасно е дека Владата застанува комплетно во поддршка на општинатаи сите штети кои што се настанати ќе ги решиме и финансиски и технички”, истакна министерот Бочварски.

Министерката за животна средина Каја Шукова додаде дека насипите се полни со ѓубре и дека за нив треба редовно чистење за да не го блокираат излевањето на водата.

Првично, има голема штета по 50 објекти , но и на институции, поплавени автомобили и земјоделски култури, по големото невреме.

Слично

Поврзани вести