Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дејли Телеграф направи листа на европски бисери - меѓу нив и Скопје

Дејли Телеграф направи листа на европски бисери - меѓу нив и Скопје

Британскиот весник Дејли Телеграф направи листа со најпривлечните места за патување во Европа, а меѓу овие атрактивни градови се најде и Скопје. 

Даден е краток опис за Скопје, но и 25 факти кои луѓето не ги знаеле за Македонија. Се наведува кои места може да се видат во Скопје и кои вредат да се посетат како Старата чаршија, Даут пашин амам, спомениците. 


На листата има и други градови од регионот. 

Статијата  носи наслов „21 европски градови кои никогаш не сте мислеле да ги посетите, но дефинитивно треба". 

Бисери на Европа според весникот се: Марибор (Словенија), Трст (Италија), Архус (Данска), Вроцлав (Полска), Лобек (Германија), Гимараеш (Португалија), Скопје (Македонија), Сион (Швајцарија), Брегенц (Австрија), Нант (Франција), Умет (Шведска), Осијек (Хрватска), Тавира (Португалија), Виторија-Гастеис (Шпанија), Сеговиа (Шпанија), Тбилиси (Грузија), Тревизо (Италија ) и Бергамо (Италија).

Слично

Поврзани вести