Дејан Трајковски: Големиот број на починати се незатворени случаи од март и април
Доктор Дејан Трајковски вели дека големиот број на починати од Ковид-19 кои на дневна основа ги објави Министерството за здравство се незатворени случаи од март и април.
„Досегашниот голем број не се должи на моментално умирање, туку тоа се починати во текот на април и март, починати откриени од градските епидемиолози и матични доктори. Се работи за случаи кои не биле затворени, а за нив се утврдило сега дополнително и тие се внесугваат во ковид статистиките“, рече професорот во вестите на Канал 5.
Трајковски е професор на Техничкиот факултет во Битола кој на дневна основа статистички ги следи сите официјални информации поврзани со коронавирусот.
Денеска пријавени се вкупно 10 починати лица: 5 лица од Скопје (88г,80г,74г,66г,57г) и по едно лице од Куманово (88г), Битола (63г), Кавадарци (78г), Струга (76г) и Кочани (83г).
