Дејан Павлески од денеска и официјално директор на Агенцијата за странски инвестиции
Дејан Павлески од денеска и официјално е директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.
Тој на Фејсбук посочува дека странските инвестиции и зголемениот извоз се клучни за забрзан раст на економијата, а со тоа и за подобрување на стандардот на нашите граѓани.
„Состојбата со светската пандемија на Ковид-19 е навистина голем предизвик. Ќе дадам сè од себе за да во овој предизвик препознаеме можност и да оствариме видливи резултати на овие две полиња“, пишува тој.

Слично
