Дехари по поразот во Кичево: Ќе ве информирам подетално наредните денови за гласањето во Кичево
Кандидатот на НАИ за општина Кичево, Фатмир Дехари, рече дека првите резултати од локалните избори за Кичево не се задоволителни, барајќи од граѓаните смиреност и трпение.
Дехари рече дека во наредните денови ќе даде подетални информации, заблагодарувајќи им се на сите граѓани за нивната поддршка.
„Драги граѓани, високо почитувани иселеници.
Длабоко благодарен за вашата безрезервна поддршка низ годините, ви благодарам со понизност и отворено срце. Посакувам Семоќниот Бог да ве благослови вас и вашите семејства со здравје и добрина.
Резултатите од локалните избори за нашиот град не се задоволителни, но барам смиреност, трпение и разбирање.
Ќе ве информираме подетално во наредните денови.
Со почит и благодарност“, рече Фатмир Дехари.
