Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дефинитивно Клинички ќе се гради во Бардовци - Први конкретни одлуки

Дефинитивно Клинички ќе се гради во Бардовци - Први конкретни одлуки

Ако досега имаше било какви дилеми околу конечната одлука за избор на локација на која ќе се гради новиот Клинички центар, сега веќе нема дилеми дека Владата и министерството за здравство остануваат на идејата тој да се гради во Бардовци на територија на општина Карпош, надвор од централното градско подрачје. 

„Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за започнување на Проектот за изградба на комплекс Универзитетски клинички центар на локација во општина Карпош, и го задолжи Министерството за транспорт и врски, и соодветните институции и општина Карпош, да извршат измени во урбанистичките и катастарските и други планско урбанистичко – проектни документи за 2018 година“ соопштија од Владата по вчерашната седница.

Тоа значи дека се донесени првите одлуки околу изградбата на новиот клинички центар во Бардовци при што направен е и првиот чекор кон изработка на идејно решение.

„Со оваа одлука на Владата, Министерството за здравство треба да му препорача на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, да формира Стручна комисија и да спроведе јавен конкурс за идејно решение на дел од комплексот Универзитетски клинички центар“, велат од Владата.

За изградбата на Клиничкиот центар во Бардовци останува уште да се дефинира висината на потребната инвестиција, можните пенали поради прекинување на првиот тендер и промената на локацијата, потоа избор на конретна локација и експропријација на земјиштето кое е во приватна сопственост.

Слично

Поврзани вести