Дефинирано кога Ципрас доаѓа во Скопје
Алексис Ципрас ќе доде на почетокот на април во Скопје како првиот грчки премиер што ја посетил земјата под новото уставно име, пишуваат грчките медиуми, а неговиот кабинет и министерството за надворешни работи веќе ја планираат посетата.
Според грчките медиуми, по посетата на Ципрас во Скопје, и македонскиот премиер Зоран Заев возвратно ќе биде пречекан во Атина.
Не е дефинирано кои министри ќе допатуваат со Ципрас, но покрај владина ќе има и бизнис делегација воглавно составена од претприемачи од Северна Грција од областа на туризмот, градежништвото, енергетиката итн.
Алексис Ципрас вече потврди дека многу бргу ќе биде првиот грчки премиер кој официјално ќе го посети Скопје, придружуван од бизнис делегација.
Слично
