Дедото на малата Тамара од Велес пукаше во Тодоров?
Пред Министерството за здравство имало обид за обид за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.
Тодоров на
влегување на скалите се поздравувал со снимателите кои чекале да влезат внатре и
тогаш напаѓачот извадил пиштол и пукал директно во него. Успеал да испука три
куршуми, но Тодоров не е погоден.
Според првичните неофицијални информации, напаѓачот е дедото на малата
Тамара Димовска од Велес, која почина чекајќи Фондот да и одобри средства за операција во
странство. Решението за одобрените пари пристигна по нејзината
смрт.
Станува збор за Љупчо Стојановски 60 години од велешкото село Долно Каласлари.
Слично
