Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дедомразовци ќе се тркаат во Скопје за да го кренат новогодишното расположение

Дедомразовци ќе се тркаат во Скопје за да го кренат новогодишното расположение

Со цел да се подигне новогодишното расположение во Скопје ќе се одржи трка на дедомразовци инспирана од прославите во повеќе светски метрополи, а може да учествува секој со симболична котизација од 200 денари. Трката е закажана за 25 декември и ќе стартува од центарот на Скопје.

Ова ќе биде трето издание на трката во која учесниците се облечени во дедомразовски костуми, со што градот Скопје веќе традиционално се придружува во низата светски метрополи кои организираат ваков тип на настани.

Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само 2 километри и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Пријавувањето се одвива преку веб страницата www.prvdovrv.mk.

За победниците се предвидени вредни награди, а на најсреќните учесници ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма и церемонија на прогласување на победниците.

Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 9 до 11 часот на денот на трката.

Слично

Поврзани вести