„ДЕДО МРАЗ СКОКАШЕ ОД ЗГРАДА И ГИ ИЗРАДУВА НАЈМЛАДИТЕ“: и Тигрите во предновогодишно расположение
Дедо Мраз „пристигна“ и во седиштето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, најелитната единица во рамки на БЈБ при МВР.
Директото на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев објави дека заедно со колегите организирале предновогодишно дружење посветено на најмладите – „децата, нашата иднина и најсилна инспирација“.
- Насмевките и радоста на најмладите беа најголемата награда, а посебно изненадување за нив беше Дедо Мраз, кој заедно со децата им овозможи да се запознаат со дел од припадниците на единицата, нивната опрема и активностите што ги реализира оваа врвна и високо обучена формација – симбол на сигурност, професионалност и доверба.
Како полиција, преку вакви предновогодишни и интерактивни активности, продолжуваме да ги градиме и зајакнуваме силните врски со граѓаните, што е клучно за транспарентност, заемна доверба и вистинска грижа за безбедна, стабилна и сигурна држава.
На сите колеги од САЕ „Тигар“ им посакувам добро здравје, мир и спокој, да продолжат со истата посветеност да бидат силен штит и чувари на безбедноста, а претстојните празници да ги поминат мирно, во кругот на своите најблиски - објави директот на социјалните мрежи.
Слично
