Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕЦИДНО НЕ: Љупчо Николовски вели дека е губење време да се мисли на предвремени парламентарни заедно со локалните избори

ДЕЦИДНО НЕ: Љупчо Николовски вели дека е губење време да се мисли на предвремени парламентарни заедно со локалните избори

Љупчо Николовски, вицепремиер за борба со корупцијата и генерален секретар на СДСМ, вели дека е губење врема да се размислува за предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните наесен.

Тој ова го изјави во гостување за ТВ 21.

Николовски нагласува дека е стабилно мнозинството во парламентот. Исто така додаде дека матрицата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и натаму е непроменета.

„Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најавува постојано ново мнозинство во Собранието, и јас разбирам дека во матрицата која не им е променета, им служи да го чуваат нивното членство, да се храни нивното гласачко тело. Потврдивме два пати еднаш во доверба на Влада, и еднаш во гласањето на економски мерки дека мнозинството е стабилно. Постојано ги гледаме опструкциите, блокадите, и тоа го видовме на митингот, и се потсетија граѓаните што е понудата. Истото ВМРО-ДПМНЕ нереформирано, кое го кочеше законот за ЈО, го кочеше пакетот мерки, 60 илјади граѓани не можеа да земат плата поради нивното однесување. Неодговорното однесување го казнија на изборите минатата година“, вели Николовски.

Тој додаде дека со коалициските партии застануваат зад една просперитетна и интегрирана земја, која треба да се фокусира на најважни теми, а за превремени парламентарни избори рече дека нема да се случат.

„Сега имаме 28 закони кои се под блокада. Потврдивме дека со сите коалициски партии целокупното мнозинство застанува зад просперитетна, интегрирана, и земја која треба да се фокусира на најважните теми. Затоа мислам дека губење на време е да размислуваме за било какви предвремени парламентарни избори.“, потенцираше Николовски.

Слично

Поврзани вести