Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕЧКИ ОК Е: ГО ГРАНАТИРААТ КИЕВ, НЕ СКОПЈЕ - се празнеле рафтови со храна низ македонските маркети

ДЕЧКИ ОК Е: ГО ГРАНАТИРААТ КИЕВ, НЕ СКОПЈЕ - се празнеле рафтови со храна низ македонските маркети

По нападот на руските сили врз Украина, се јави страв и кај многумина од граѓаните во земјава.

На социјалните мрежи се појавија фотографии со празни полици со прехранбени производи, и тоа главно леб, брашно, тестенини, пијалоци, вода, но и хигиенски производи. 

Еден од нашите сограѓани кој ги споделил овие фотографии, на шега напишал дека го гранатираат Киев, а не Скопје.

Слична состојба со празнење на рафтовите имаше и кога започна корона кризата во земјава, особено кога стартуваа карантините, а граѓаните се плашеа дали ќе има доволно храна поради можното нарушување во синџирите на снабдување.



ФОТО: Фејсбук Драгец Симоновски

Слично

Поврзани вести