Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дечиња се гушат од контејнери кај Универзална - Со години никој не реагира

Дечиња се гушат од контејнери кај Универзална - Со години никој не реагира

Голем број на родители со години се жалат до општинските и градските власти за поставените контејнери до самата градинка Кочо Рацин - работна единица „Наум Наумовски Борче“ лоцирана позади Универзалната сала во Центар. 

Секојдневно дечињата кои престојуваат во градинката треба да „дишат“ од реата која се шири од контејнерите. Секако, потребни се контејнери за собирање на комуналниот отпад, но самата локација е многу проблематична. 

Со мало дислоцирање на контејнерите може многу лесно да се реши овој проблем кој со години им задава главоболки на загрижените родители, но надлежните се глуви за нивните барања. 

Поднесена е и петиција до Јавното комунално претпријатие Скопје, но се уште без никаков ефект па останува уште да се изврши јавен притисок. 


Слично

Поврзани вести