Децата со пречки во развојот или со посебни потреби можат да бидат ослободени од носење маски во училиште
Владата донесе одлука со која децата со пречки во развојот или со посебни потреби можат да бидат ослободени од носење маски во училиште.
„Владата денеска донесе измени и дополнувања на Протоколот за реализација на воспитно образовниот процес и донесе заклучок дека децата со посебни потреби или со пречки во развојот, можат да бидат ослободени од обврската за задолжително носење маска во училиштата доколку приложат лекарска потврда за нивната состојба“, соопштија по одржаната 112-та седница.
На културно-уметничките настани во затворено се дозволува до 50 отсто публика со две дози вакцина. Спортистите пионери, младинци и кадети можат да ги организираат натпреварите без задолжителен сертификат за вакцинација.
Слично
