ДЕЦАТА СО ЏУЏЕСТ РАСТ ЗА ПРВ ПАТ ДОБИВААТ ЛЕК: „Ќе се подобри квалитетот на животот на три пациентчиња со ретката болест ахондроплазија“
Министерот за
здравство Фатмир Меџити само што објави дека е набавен лек за ретка болест,
ахондроплазија. Восоротид ќе го примаат три дечиња на Клиниката за детски
болести.
-Со големо задоволство можам да ве информирам дека три храбри деца со ретка болест го добиваат потребниот лек кој ќе влијае на подобрување на квалитетот на нивниот живот. За прв пат со јавната набавка за обезбедување лекови за ретки болести за 2023 година, набавен е лек за пациенти со ретката болест Ахондроплазија“, објави Меџити на Фејсбук.
Истовремено нагласува дека лекот Восоритид е веќе на Клиниката за детски болести и е обезбеден за тројца пациенти, како што побарала самата клиника.
Дополнителни 50 милиони денари се обезбедени во буџетот на Програмата за лекување на лица со ретки болести за набавка на лекот Восоритид. Лекот е клучен за лекување на болести и има ефект на стимулирање на развојот на пациентите со ахондроплазија, болест која се манифестира со застој во растот веднаш по раѓањето.
