ДЕЦАТА СЕ БЕЗБЕДНИ ВО УЧИЛИШТАТА: Ако се почитуваат протоколите ризикот од зараза е минимален, посочува Филипче
Минимален е
ризикот од зараза со корона вирусот во училиштата, особено кога се почитуваат
протоколите, уверува министерот за здравство, Венко Филипче. Тој нагласи дека бројките
кои сега ги имаат покажуваат дека бројот на заболени ученици е навистина мал.
-Протоколите во училиштата се направени по принципи за да се спречи ширењето на вирусот. Овие бројки кои сега ги имаме укажуваат дека мал број на учениците се заболени. До крајот на минатата недела има информација дека во 4 скопски општини во по две училишта има заболено по едно дете со мал број на контакти. Денеска има регистрирано едно дете во Велес и уште едно во Скопје. Според податоците од епидемиолошките анкети тие имале мал број на контакти, нагласи министерот.
Филипче потенцираше дека до среда е на сила одлуката средните училишта во Струга и во Кичево да следат онлајн настава, а за Тетово и Гостивар останува до 15.септември. Дали ќе има продолжување или не на ваквиот начин на настава, министерот рече дека состанок ќе има Комисијата за заразни болести, која по направените анализи ќе даде препорака.
A.Б.