ДЕЦАТА ОД ОУ КРУМ ТОШЕВ ДА НЕ ОДАТ НА ОТВОРЕНО - еве какви препораки издаде Министерство за животна средина
Во врска со пожарот во магацинот за електронски отпад „Ф-групација“ во Трубарево, Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Институтот за јавно здравје, Кризниот штаб на Владата на РСМ и Државниот инспекторат за животна средина, ја информира јавноста дека се преземени итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните поради пожарот што настана во магацинот за електронски отпад во Трубарево.
Поради состојбата во Трубарево од Министерството информираат дека се преземени повеќе активности и препораки за заштита на населението.
- Согласно препораките од Државниот инспекторат за животна средина, се преземаат следните активности:
• До Институтот за јавно здравје е доставено барање за извршување на анализа на вода од бунари што ги користат домаќинствата во непосредна близина на опожарениот магацин;
• Министерството за животна средина и просторно планирање издаде забрана за пристап и движење на локацијата на пожарот;
• Во наредните 7 дена, акредитирана лабораторија ќе врши 24/7 мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух;
• До Основното општинско училиште „Крум Тошев“ во Трубарево е испратена препорака за ограничување на движењето на учениците на отворен простор сè до стабилизирање на состојбата - се посочува во соопштението од Министерство за животна средина испратено до медиумите.
Од таму апелираат граѓаните внимателно да ги следат официјалните соопштенија и да ги почитуваат насоките од надлежните институции со цел заштита на сопственото здравје и здравјето на нивните најблиски.
