Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДЕЦАТА НЕ ТРЕБАШЕ ДА СЕ ИЗЛОЖУВААТ НА ОВА НЕПОТРЕБНО ДОПОЛНИТЕЛНО ТРУЕЊЕ“: Д-р Беќаровски со реакција за Бадниковите поворки на толку загаден воздух

„ДЕЦАТА НЕ ТРЕБАШЕ ДА СЕ ИЗЛОЖУВААТ НА ОВА НЕПОТРЕБНО ДОПОЛНИТЕЛНО ТРУЕЊЕ“: Д-р Беќаровски со реакција за Бадниковите поворки на толку загаден воздух

Денес се одржуваа Бадниковите поворки, по повод еден од најголемите христијански празници Божиќ.

Меѓутоа, со оглед на тоа што и денес Скопје е еден од најзагадените градови, поточно,  

 најзагаден град во Европа, се огласија докторите околу тоа колку е безбедно излегувањето на децата на Бадниковите поворки. 

Д-р Нико Беќаровски реагираше токму заради тоа.

„Убава е традицијата, НО КАКО ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ треба да сме свесни дека при голема загаденост на воздухот (AQI index 176) децата не требаше да се изложуваат на ова непотребно дополнително ТРУЕЊЕ !!!!

Р.Ѕ. Загадениот воздух многу повеќе ги уништува младите розеви гради“, напиша тој.

Инаку, според табелата на платформата за мерење на аерозагадувањето „Ај кју аир“, главниот град се наоѓа на петто место во светот со вредност на нивото на штетни ПМ честички од 172 единици измерени во 12 часот. Со овие вредности воздухот во градот е категпоризиран како „нездрав“.



Слично

Поврзани вести