Деца завршиле во болница откако на роденден се напиле средство за чистење
Деца вчера завршиле во болница откако на роденден се напиле дизентал.
Како што соопшти полицијата, три деца синоќа се донесени во Клиниката за детски болести во Скопје, откако на роденденска забава во игротека се напиле течност, најверојатно дизентал (средство за чистење).
Од Клиниката за детски болести пријавиле дека децата се донесени со црвенило на слузницата во устата. Тие биле на роденденска забава во игротека на подрачје на Аеродром во Скопје.
МВР соопшти дека по преземени мерки и извршени разговори со родителите и вработените во игротеката е утврдено дека децата се напиле од течност од шише, најверојатно дизентал, кое било оставено на шанкот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Во март годинава, битолчанец наместо вода добил корозивно средство во кафуле, по што заврши во болница.
