Деца од Гостивар и Кичево починаа од компликации од грип
Две мали деца починаа од компликации од грип на Клиниката за детски болести во Скопје.
Станува збор за деца на возраст од 3 и 4 години од Кичево и Гостивар. Кај нив вирусот предизвикал воспаление на мозокот. Тие на Детската клиника се примени пред Нова година во тешка состојба. Едното дете го донеле од болницата св. Еразмо од Охрид каде било на лекување, а другото со возило на Брза помош е донесено од болницата во Гостивар.
Децата на Детската клиника починале пред неколку дена. Информацијата за трагичниот епилог денеска ја објави Институтот за јавно здравје. Се чекало и официјално лабораториски да се потврди дека грипот е причина за смртта.
Случаите на грип во Македонија се намалуваат. За една недела евидентирани се околу 8000 новозаболени, што е за 1.500 помалку од претходната седмица.
