ДЕЦА ЈА НАЈДОА ИСЧЕЗНАТАТА НАТАША ОД КОЧАНИ: Дехидрирана е пренесена итно во болница
16-годишното
девојче од кочанското село Оризари по кое се трагаше интензивно е пронајдено од
неколку деца кои биле вклучени во потрагата. Веста за ,,Фокус” ја потврдија нејзини роднини, кои без престан по лоши временски услови трагаа по девојчето.
-Жива е, тоа е најважно. Неколку млади момчиња, да не речам деца, кои беа вклучени во потрагата ја најдоа, дехидрирана е, ја носиме во болница. Најважно е што е жива, ова е големо олеснување, благодарни сме на сите кои на било кој начин помогнаа – вели близок роднина на девојчето.
Нејзини блиски на социјалните мрежи веднаш алрамираа дека Наташа Николова е исчезната по што беше организирана интензивна потрага.
„Исчезната е Наташа Николова од Оризари, Кочани. Полицијата ја бара, последен пат е излезена од дома во 8 часот наутро. Ќе ве молам ако некој ја видел или знае нешто да се јави во полиција. Се надеваме дека е жива и здрава. Споделете“, напишала на фејсбук Нате Стоилова пред 12 часа.
Инаку, Наташа излегла од дома вчера наутро, на денот на својот 16-ти роденден, по што и се изгубил траг. Роднините со неколку полицајци ја бараа среде невремето, и апелираа за помош од надлежните институции. Пребаруваа околу Гоцевата шума во Кочани, околу Гратче, во многу лоши временски услови.
