ДЕЦА, ДАЛИ РАЗБИРАТЕ ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА СЕ КАЧУВАТЕ ПО ВАГОНИ ЗА ДА ПРАВИТЕ СЕЛФИЈА - повреден малолетник од Куманово
На младите луѓе во државава изгледа не им е јасно дека не треба да се качуваат по вагони за да прават селфија, бидејќи тоа е многу ризично.
Повторно имаме случај на повреден малолетник од струен удар кој во обид да се качи на вагон да се фотографира, бил повреден.
„На 21.08.2022 во 17.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Медицински центар Куманово со повреди бил донесен малолетник од Куманово. Според пријавеното, малолетникот се здобил со повреди од струен удар при обид да се качи на вагон на железничката станица во Куманово, за да се фотографира. Увид на место извршила увидна екипа од СВР Куманово“, се вели во билтенот од МВР.
Слично
