Дебрани и жителите на Центар Жупа не можат да ги напуштат домовите
Жителите на Центар Жупа и Дебар не можат да ги напуштат домовите, откако е прогласена кризна состојба по неколку откриени случаи на заразени од коронавирусот.
Од Општина Дебар апелираат граѓаните да не прават залихи бидејќи храна во маркетите ќе има.
„Ги повикуваме граѓаните да бидат солидарни, да останат во своите домови и да ги почитуваат препораките додека не се стабилизира состојбата. Снабдувањето на маркетите со намирници нема да запре, ќе тече нормално, и нема потреба граѓаните да чуваат резерви на храна дома“, информираат од Општина Дебар.
Вкупниот број на заразени со коронавирус е 12, но првозаболената пациентка на возраст од 50 години од Скопје е целосно оздравена и ќе биде пуштена дома.
Армијата на терен ќе им помага на граѓаните. Ваква одлука синоќа донесе претседателот Стево Пендаровски.Ширум Европа државите затвораат граници, поради Ковид 19.
Македонија исто така ги заострува мерките.
фото Википедија
