Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕБЕЛ МИНУС И СТУДЕНИ ДЕНОВИ: Ваква ќе биде температурата деновиве

ДЕБЕЛ МИНУС И СТУДЕНИ ДЕНОВИ: Ваква ќе биде температурата деновиве

Студени денови со дебел минус се пред нас. Ова станува јасно од временската прогноза која ќе донесе сончево и студено со умерена облачност оваа среда. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Што се однесува до температурите , тие денес ќе достигнат максимални од -1 до 6 степени, во Скопје до максимални 3.

Утре пак , не очекува нешто постудено време кога температурите на одредени места ширум државата ќе достигнат и над -10 степени целзиусови. 

Сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 14.01.2022

Минимална температура: -14°C до -4°C
Максимална температура: -1°C до 8°C

Утрото ќе биде многу студено, преку денот претежно сончево со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието.

Прогноза за 15.01.2022

Минимална температура: -9°C до -1°C
Максимална температура: 2°C до 10°C

Сончево и студено со мала до умерена локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 16.01.2022

Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: 1°C до 8°C

Сончево и студено со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.


Слично

Поврзани вести