Дебата во „Клик плус“ – 8.000 жители без државјанство, Фатмире 35 години без идентитет во Македонија
Во Македонија има околу 8.000 граѓани кои живеат без лични документи, според заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, кој беше дел од синоќешната дебата Клик плус. Една од нив е и Фатмире. Таа потекнува од Косово, а пред 35 години се омажила за македонски државјанин. Иако тука оформила семејство, сепак, нема македонско државјанство и покрај тоа што на секои три месеци бара од државата да и биде овозможено да добие лични документи.
Љутфи Акики, советник во МВР потенцира, вели дека првиот услов за стекнување на право за добивање на државјанство е постојано место на живеење.
Дополнителен проблем со лицата без документ за лична идентификација, според поранешниот пратеник Хајрула Мисини е тоа што тие не се заведени во ниту еден систем. Поради тоа во случај да сторат кривично дело, тешко се откриваат.
Повеќе прочитајте на ТВ21 а погледнете во видеото подолу: