Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дебата Клик Плус: Нема да се апси спектакуларно пред камери

Дебата Клик Плус: Нема да се апси спектакуларно пред камери

Во вчерашната дебата на Клик Плус на која се разговараше за насилствата кои во последниот период се случија во Скопје се постави прашањето дали е зголемен криминалот и кои се главните влијание за бројот на убиства, грабежи и тепачки. 

Според професорот Дујовски од Факултетот за безбедност, Скопје е сигурен и безбеден град со стапка на криминалитет кој е во рамки на европскиот и барем гледано според статистичките податоци, вклучувајќи ја и стапката на убиство е дури и под нивото на некои земји од регионот.

Сепак, актуелноста на настаните фокусот на дебатата го насочи кон истрагата која ЈОРМ ја поведе против 36 лица кои се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски избегната е целосна праксата на јавни и спектакуларни апсења пред камери за да се прави полициско шоу, а исто така се прават големи напори за почитување на сите човекови права во акциите, особено тие поврзани со наредбите на ЈОРМ за настаните од Крвавиот четврток.

Во продолжение погледнете ја целата дебата на Клик Плус од вчерашната емисија.


Слично

Поврзани вести