Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дебата Клик Плус: Ќе одиме напред со програмата на Заев или ќе заглавиме во политичка криза во недоглед?

Дебата Клик Плус: Ќе одиме напред со програмата на Заев или ќе заглавиме во политичка криза во недоглед?

Во вчерашната дебата на Клик Плус една од главните теми беше понудената владина програма која ја предложи лидерот на СДСМ Зоран Заев, а во истата се вклопени и елементи од потенцијалните коалициони партнери. Иако беше посочено дека нема промена на Уставот, ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Иванов и натаму се против Заев да го добие мандатот за состав на влада.

„Не смееме да живееме во гетозирана Македонија.  Заев кажа дека Уставот нема да се смени тогаш зошто луѓето протестираат и после објавувањето на програмата?!. Како што Груевски на времето побара шанса и ја презема власта зошто сега да не се даде шанса за нешто ново", потенцираше екс градоначалникот на Скопје Трифун Костовски.

„80% од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ беше за двојазичност и  кантонизација и како Заев сака да ја дели Македонија. Ние имаме Закон за јазици изгласан 2008 и негово дополнување,  со дополнување или проширување на Законот нема и не се менува Уставот“, изјави градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.

„Промоторите на таа “Тиранска платформа“ прават гафови со кои можат пред јавноста се разоткријат што всушност им е намерата. Ако не беше платформата СДСМ сигурно ќе имаше поддршка од сите кои што се критичари“, изјави Владимир Голубовски од ВМРО НП.

Во продолжение погледнете го целото издание на вчерашната ТВ дебата на Клик Плус.



Слично

Поврзани вести