Дебата Клик Плус - Дали граѓаните направија правилен избор?
На вчерашната дебата на Клик Плус на ТВ 21 главна тема беше вториот изборен круг со очекувањата на партиите, но и перспективите на граѓаните кои дел веќе го направија својот избор, а дел ќе имаат конечен збор во недела. Жестоки полемики за регуларноста на изборите како и манипулациите на овие и претходните изборни циклуси отворија Туфеѓџиќ и Јованоски. Савевски од Левица посочи дека граѓаните се заморени од двете најголеми партии, додека пак Шабани, креаторот на апликацијата Локален избор смета дека оваа алатка добро функционирала помагајќи им на граѓаните да го одберат оној кандидат кој најмногу одговара на нивните потреби.
„Секогаш претседател на ДИК доаѓаше од опозицијата и ако во минатите избори имало нерегуларности тогаш институцијата можела да реагира. Сега невладините организации ги нема и молчат за сите изборни нерегуларности направени од СДСМ во првиот круг. Беше злоупотребена полицијата и се вршеше изборен поткуп, тврди Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Потполна одговорност ќе има за сите политики. Институциите одговорија на сите пријавени нерегуларности и приговори од партиите. Опозицијата наметнува теза дека СДСМ насилно ги одзема општините и тоа го прави на многу детален начин што асоцира дека токму тие методи Груевски ги применуваше на претходните изборни циклуси за што сведок беше целата јавност“, посочи Ивана Туфегџиќ од коалицијата предводена од СДСМ.
Здравко Савевски од Левица посочи дека граѓаните се подготвени за промени, но има скептичност за новата власт дали е способна тоа да го реализира бидејќи првите потези покажуваат една поинаква слика. Пад има и кај гласовите на ВМРО-ДПМНЕ и кај СДСМ. Има големи очекувања, но граѓаните повторно ќе бидат разочарани бидејќи ние како народ повторно паѓаме на истите финти.
Самет Шабани смета дека „Локален избор“ вели дека преку методологија со изворни изјави на кандидатите може да се види за што се залагаат и преку тоа граѓаните да се одлучат на кого ќе му го доверат гласот. Сите партии имаа повеќе лево настроени ставови бидејќи на локално ниво политиките повеќе се однесуваат на проблемите на граѓаните. Апликацијата е бесплатна и се уште е важечка и за вториот круг.
Во продолжение погледнете ја целосната дебата на Клик Плус.
