Дебар живее како по „старо“, никој не почитува мерки: Плус цел ден немаат вода за пиење
Заматена е водата од изворот во селото Росоки поради што нечиста вода за пиење во своите домови добиваат граѓаните на Дебар и на Центар Жупа.
Жители на Дебар за Фактор велат дека цел ден тече матна вода и не можат да ја употребуваат буквално за ништо, а дури им било страв да се капат со неа. Раководителот на Центарот за јавно здравје Ментор Мела вели дека има заматување на водата во изворите во селото Росоки – во регионот на Мала Река и дек аводата е неисправна за пиење. Причина за заматувањето најверојатно се обилните врнежи од дожд.
Во меѓувреме во Дебар е лоша и состојабата со коронавирусот, а Мела вели дека граѓаните не ги почитуваат мерките.
„За жал продолжува непочитувањето на мерките и протоколите. Преполни се кафулињата, маркетите, редиците луѓе пред банките, групирањето по домови, без при тоа да се почитуваат пропишаните мерки за заштита. Апелираме до сите да бидат внимателни и строго да ги почитуваат мерките, бидејќи само така ќе можеме да се заштитиме, апелира тој.
Во Дебар вчера има потврдени 12 нови случаи со Ковид-19 а едно е седумгодишно дете, кое се заразило од контакт со блиско лице. Меѓу нив има и млади лица на возраст од 20 и 29 години, но главно се од 46 до 51-годишна возраст.
