ДЕБАР ЗАБОРАВИ НА КОРОНА: Маратонот со групирања без маски
Фотографиите од учесниците на ултра маратонот „Артерија на Арбр“ од Дебар се загрижувачки, реагираат за Фактор жители на градот. Маратонците вчера доцна попладнето пристигнаа во Дебар, а нив на плоштадот „Скендербег“, ги пречека градоначалникот Хекуран Дука и поголем број граѓани и претставници на локалната власт.
Градот кој прв се бореше со коронавирусот сепак сега потфрлува во грижата.

– Ви посакувам топло добрдојде, пријатни мигови во Дебар, чии жители се познати по нивната гостопримливост. Ви чиститам на вашата одлука и истрајност да минете толку долг пат. Честитки и уште многу вакви подвизи, рече меѓу другото Дука.
Маратонците тргнале вчера од плоштадот „Скендербег“ во Тирана и минаа пат во должина од 116 километри преку атрактивна природа. Организаторот за нив обезбедил вода, храна, како и присуство на лекар во текот на целото време.

На учесниците им беа доделени признанија и медали.

